ИЗВОНРЕДНОСТА НА МОЖНОСТА ДА СЕ СОЗДАДЕ ЕКСКЛУЗИВНА ЛИЧНОСТ ВО КОЈА ИСКУСТВОТО, ПРИЛАГОДУВАЊЕТО И ПРЕФИНЕТОСТА ГО СЛЕДАТ РИТАМОТ НА МОДЕРНОСТА.

Кои сме ние?

за мажи со вистинска страст кон животот

Знаеме повеќето од “сајтовите” ја имаат оваа бла, бла, бла страна. Но, се што ќе прочитате овде е вистина. Нашата цел е да изградиме центар каде што ке можете да најдете машка конфекција од светските модни писти со најдобар квалитет и по најповолни цени, секако достапни за секого. Оптимистички нели?

Секој знае дека најатрактивна “производна база” на почетокот од 21 век стана Кина, па така што и ние се решивме да ја започнеме нашата “мисија” токму таму и да го истражиме тамошниот пазар. По извесно истражување дојдовме до заклучок дека ги најдовме достапните цени и најновите модели од машката конфекција. Но, фалеше уште нешто – Квалитет и природни материјали. Така што тука заврши нашето истржување во Кина.

Но потрагата не заврши таму, застанавме во Турција, земја на трговијата. Тоа беше вистинското место за нас. Модели, квалитет, пристапни цени и природни материјали, односно се тоа што ни беше потребно. Фабриките што креираат и шијат за најдобрите светски брендови сега истото тоа го прават и за нас. Таму создадовме бренд кој има за цел да биде најуспешен во модниот тренд за мажи, не само во Скопје туку и во цела Македонија. TIVES има страст за квалитет, желба за совршеност и има вложено многу труд и внимание на деталите кој го прават овој бренд да биде на врвот. TIVES има визија да ги насочи своите клиенти да почувствуваат разлика и задоволство кое ќе го добијат само од извонредните природни материјали и најнови модели создадени од најдобрите дизајнери.

И така од 2010 година започнавме да развивме “МРЕЖА” од агенти, фирми со кои соработуваме и имаме “логистика” која може производите да ги припреми за испорака и да ги испорача до нас во најбрз можен рок.Сега се тоа е достапно за нашите клиенти кој ќе се осмелат да се разликуваат од другите.

ЗА ВАШИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ ПРИГОДИ



Со нетрпение очекуваме да ги направиме вашите моменти уште попосебни. Контактирајте го нашиот Italian Style тим за повеќе информации, пишувајќи на kontakt@tives.com.mk  или телефонирајте на 075 300 066